Press "Enter" to skip to content

“Виното се пие цела година“- вински салон “Slow wine 2024“ 5. пат се одржа во Пацио во Битола (фотогалерија)

“Виното се пие цела година“ мото на  “Slow wine 2024“  винскиот салон кој оваа година се одржа 5. пат во Пацио на НУ Музеј Битола. Може да се каже дека станува  традиција во боемската Битола. Концептот е да создава конекција помеѓу винарите и конзументите. Иницијатор и организатор е Национлната организација на “ Слоу Фуд Македонија“ од Битола. Винскиот салон се одржа во рамки на Бит Фест, а логистичка и техничка поддршка дадоа членовите на локалниот конвивиум “Слоу Фуд Битола“.Со овој настан  продолжуваа мисијата да ја подржуваат винската култура кај нас. Да едуцираат за поднебјето и секако да го потенцираат се поголемиот број на љубителите  на вино, конзументите. Винарите од целата земја ги изложија своите најдобри вина. Тоа беше извонредна можност да се истражува и дегустира оваа благородна напивка.На настанот се обратија Кире Сотировски заменик претседател на локалниот конвиниум “Слоу Фуд Битола“. Игор Поповски претседател на “ Слоу Фуд Битола“  се заблагодари на винариите кои учествуваат на Винскиот салон 2024 кој станува традиција.На настанот беше промовиран водичот на “Slow Wine 2024“ второ издание за кое зборуваше авторот на водичот Ивана Симјановска дегустатор и вински судија. Таа истакна дека во ова идание има 27 винарии за разлика од “Slow Wine 2021“ со застапени 7 винарии. Валентина Вања Тодоровска коавтор на водичот, новинар и координатор за комуникација со  Слоу фуд истакна дека е многу значајна поддршка на Зенјоделскиот институт во Скопје. Признанија добија винариите: за органска винарија е прогласена „Пешков винарија“, одржливо грозје за 2024 „Ерос винарија“, за промотор на станушината Винарска визба  „Попова Кула“ Демир Капија Тиквеш, промотори на виногорје „Киево“ и „Сарика.  Откритие за 2024 „винарија Илиев“. Признание доби и Земјоделскиот институт при УКИМ за поддржувач на Slow Wine водичот. Николче Николовски претседател на Национален одбор на Слоу Фуд Македонија по повод настанот изјави:-“Slow wine 2024“ година е 5 издание  и претставува  настан на промоција на виното кое го поддржува  производство на вино  во малите винарии. Slow фуд е светски концепт започнат во Италија како и целото движење кој се проширува во други земји. Македонија заслужува да биде дел од овој концепт. Да се поттикне отворање на млади винарии, како што и се отворија во последните години.  Исто така цел е да се поттикне Министерството за земјоделие  да им даде поддршка на ваквите мали винарии. Идејата е малите винарии да не бидат суровина за големите, туку тие самостојно да произведуваат и изложуваат свои вина со што ќе се гради винската култура на конзумирање на вино.Во прекрасниот простор Пацио на НУ Музеј Битола имаше голем број штандови на кои беа изложени сортни вина, коњак, пиво, маџун кој како фамилијарен рецепт кој се произведува како лек го имаше на штандот на бутик винарија „БАДИ“ на сопственикот Бади Миневски од Кавадарци. Нудејќи ни за дегустација од сортните бели и црвени вина од неговата винарија со 100% еколошко производство ни кажа:-Винаријата „БАДИ“ произведува 10.000 шишиња вино. Имаме бели вина  Траминец, црвени Мерло, Вранец… Нашите  лозовите насади се на 350-450 м.н.в., во еколошки чиста средина, одгледувани со традиција и пренесувани на 6 генерации. Производството е 100% Еколошко не користиме ензими, коензими, сулфур при производството. Не користиме пестициди при одгледување на лозјата. Производите се природни и еколошки, без употреба на средства од животинско потекло, создадени со многу љубов, истрајност и почит. Винаријата работи како мал салон за дегустација, односно тоа е  вински туризам со дегустација на вина, претствување на целиот процес на производство. Исто така можеме да бидеме горди и на нашето производство на дестилат коњак и маџун за лек. Коњакот или кај нас во Кавадарци  познат како вињак е производство од 2015 година. За маџунот користиме фамилијарен рецепт од непрскано грозје. Тоа е еден од најздравите производи кој се користи за лек. Неговото производство е тешко бидејќи од 10 кгр грозје се вади 1 тегла маџун. Затоа и цената е 10 евра по тегла. Овие наши производи ги нема во малопродажба, можат да се купат директно во винаријата „БАДИ“ или со нарачка на социјалните мрежи ФБ. Секоја чест за овој настан и одржување во овој објект и простор каде има идеален амбиент за овој Вински салон Slow Wine 2024.Антонио Брзанов винарија „Брзанов Артизан“од Скопје рече:-Винаријата постои од 2004 официјално во мај славевме  20 години од како произведуваме вино и постоење на пазарот. Нашето производство е природен процес, само квасец и заштита   сулфиди. Вината се  чисти убави, питки. Произведуваме над 60.000 литри со дрвени буриња чисти. Преку 22 различни чисти сортни  вина бело, розе, оринџ, ликерни вина, органски. Вината се убави , питки, не боли глава морам да кажам. Оваа  2024 во учествуваме на Натпревар на Балканот каде учествуваа  17 винарии, нашата винарија беше наградени со прва награда за најдобри органски вина без додадени сулфиди, на Балканот со  „Вранец“. Во 2021 година исто бевме наградени за најдобри црвени вина на Балканот.Според Хемингвеј, виното е еден од најголемите знаци на цивилизацијата, а во прекрасната августовска ноќ и волшебен простор на Пацио  боемската Битола наздравуваше во чест на виното.Нашите уметници -винари ги донесоа  најдобрите вина, што е извонредна можност да се истражува и дегустира виното, кое ги разбуди боемите и поетите, и сосема спонтано, со здружени сили, винарите и гостите  констатираа дека со виното животот е уште поубав, и најчесто поезија сместена во чашка…In vino veritas! Да живее виното, бидејќи во Виното е вистината!

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »