Press "Enter" to skip to content

Пелистер потврди: двајца македонски кошаркари во Битола

Управата на кошаркаркиот клуб Пелистер од Битола продолжува со формирање на играчкиот ростер со кој би се бореле за највисок пласман. За таа цел доведени се две нови домашни засилувања, и тоа Петар Бошалески и Дамјан Крстевски.

Бошалески е бек кој доаѓа од Работнички и е актуелен младински репрезентативец на Македонија. Крстевски пак ќе биде од помош во покривање на крилните позиции во тимот, овој кошаркар пристигнува од таборот на ТФТ, а претходно има настапувано и за Вардар и за Работнички.

За очекување е битолчани во следниот период да го засилат и центарскиот дел од тимот, со што ќе биде финализиран ростерот за стартот на оваа натпреварувачка сезона. Пред овој потпис екипата на новиот се засили со Брајан Антоан, Виктор Ташовски, Андрија Бојиќ, Димитар Пандев и Бобан Стајиќ. Пелистер има и нов тренер, Александар Петровиќ.