СВР Битола поднесе кривична пријава против две лица од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.01.2024, бил извршен преглед и биле пронајдени и одземени амфетамин и таблети, при што посочил дека таблетите ги продавал на едно лице, а дрогата на друго лице.
СВР Битола поднесе кривична пријава против 36 годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.06.2023 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и патничкото возило кое го управувал, при што бил пронајден и одземен хероин.
СВР Битола поднесе кривична пријава против 41 годишник од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Битола поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 38 и 30 години, двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На ул.„Новачки пат“ во Битола, полициски службеници извршиле преглед врз првопријаввниот, при што бил пронајден и одземен метамфетамин, а при преглед во патничко возило, кое го управувал второпријавениот, била пронајдена дробилка со остатоци од марихуана и куршуми за сигнален пиштол.
СВР Битола поднесе кривична пријава против 45 годишник од Битола и правно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни прехрамбени и други продукти“. Во периодот од 2022 до 2023, лицето како одговорно лице во второпријавеното правно лице, во продажен објект на правното лице вршел продажба на додатоци за исхрана– суплементи набавени од правни и физички лица без декларација и за кои не поседувал документација.






