Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во финале на “Купот на пријателството“ во Турција

Еурофарм Пелистер – Чеховски Медведи 26:25 (12:15)

Втора година по ред во Турција, во градот Болу,  екипите од Балканот и Русија го играат Купот на пријателството, а покрај Еурофарм Пелистер од Битола , настапуваат и Чеховски Медведи, АЕК Атина и Мешков Брест.

Еурофарм Пелистер со пресврт во драматична завршница успеа да го совлада рускиот вицепрвак Чеховски Медведи со 26:25 (12:15), а Жарко Пешевски на неколку секунди до крај, постигнувајќи го победничкиот гол.

“Пелистерци“ на половина полувреме водеа со 2-3 гола разлика. Следеше серија на лесни голови на Русите и технички грешки на битолчани, па Чеховски Медведи направи серија 8:3 и на одмор заминаа со предност од 12:15. 

Чеховски Медведи на почетокот на вториот дел заминаа на највисоки +5, а потоа  македонскиот првак фати приклучок, 19:22 во 45. минута. Битолчани со два гола на Павле Атанасијевиќ намалија на -1. Емилијан Ѓорговски на седум минути до крајот израмни на 23:23. 

Беше и 24:24, и имаше две исклучувања на Петар и Павле Атанасијевиќ и многу тешка задача за момците на Ангеловски во завршницата. Двете екипи погрешија во претпоследниот напад и битолчани добија шанса за победа. Во последниот напад погоди Жарко Пешевски, а одбраната на Еурофарм Пелистер се одбрани и со финални 26:25.

Кај Еурофарм Пелистер најефикасен Богдан Радивојевиќ со десет гола и без промашување беше, а Манасков, Борзаш и Пешевски постигнаа по три погодоци.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »