Денес во РЕК Битола по повод празникот Успение на Богородица, или уште како и се нарекува Денот на рударите се одржа мала свеченост на која традиционално беа наградени рудари кои во годината помеѓу два празници оствариле право на пензија.
Овој пат нагредени беа Џевдет Џеловски со 52 години работен стаж и Благојче Трипуновски со 44. и Благојче Трипуновски со 44 години работен стаж.
Директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски кој им го даде пригодните подароци рече:
-Во мое лично име, во име на менаџерскиот тим на РЕК Битола на нашите работници, рудари кои работеле во нашиот комбинат и на оние кои го оствариле правоте на пензија тука, сакам да им го честитам денот на рударите. Знаеме дека рударството е една од најтешките професии, напите рудари во русдникот “Суводол“ на 130 метри подолу од почетното ниво. Овие наши работници се нашите великани во Комбинатот. И сакам да ги поздравем сите рудари со позравот “Среќно“.
Џевдет Џеловски со 52 години работен стаж вече неколку месеци е пензионер, а за неговиот работен век кратко ни рече:
-Бев вработен во РЕК “Битола“ пред 52 години на депонија – рудник, а кога дојдов во РЕК, во првите денови започнавме да го пуштаме вториот блок. Беше многу тешко, ние бевме нови работници и не можевме така брзо да се снајдеме во работата, да го пратиме системот. Благодарение на тогаш постарите работници ракувачи се снајдовме во работата и го научивме системот. Јас работев како ракувач на “кота 47“ или позната во РЕК како “кота на смртта“ целиот работен век. Беше тешко на моменти да се обезбеди јаглен за трите блока, кои трошат по 1.800 т0ни по смена, но со самото работење добивме искуство и го одржувавме системот. Работев по сите временски услови, сибирски зими со – 40 степени, а на лето и на +50 степени, а плус на тоа тука е прашината која е неизбежна во секој момент.
Благојче Трипуновски поминал 44 години само во РЕК Битола, а и тој е веќе пензионер.
-Јас сум вработен во рудникот на 5 мај во 1980 година како електричар. Прво работев електричар на ЗП 6608, чечка машина за исфлување на јаловина. Од 1982 година работев на вторито систем на првиот одлагач ЗП 6618 и цел работен век бев електричар на тие две машини. Условите во рудникот се полоши од термото и затоа имаме и повеќе плата, но работиме во тешки услови од +50 до -40 степени, а во електро кабините е уште поголема разликата. Машите мора да работат, а ние кога има дефект мора да ги оспособиме. Проблеми имало многу, а сме работеле по ветер кога со колегата не можеле да се гледаат на еден метар далечина. Во 44 години колку поминав тука, сум видел убави, но и тешки моменти, а најтешко е кога некој ќе почини во Рудникот, а имало и такви случаи. Затоа имам иницијатива, не само јас, во комбинатот да се направи една спомен плоча на која ќе бидат испишани имињата на мои колеги и други кои загинале во РЕК.
Џевдет Џеловски и Благојче Трипуновски ни рекоа дека потешко се снаоѓаат во пензионерските денови, им недостастасува рутинаја која ја имале во животот поврзана со работата, а со колеги кои порано се пензионирале се наоѓаат на прошетките на Тумбекафе и на Широк Сокак. Двајцата се вистински “рековци“ и додаваат дека се тука ако има потреба да помогнат со своето искуство за помладите, но велат дека нивните работни места сега не се толку интересни за младите и не сакаат да работат на тие позиции.
Утре во рудникот “Суводол“ ќе биде организира свеченост на која ќе им бидат доделени наградите на најдобрите рудари во РЕК “Битола“.
Сашо Ристевски






