Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: “Пегаз ЕДУ” Битола ги доделени првите сертификати за професионални пожарникари

-Пред 10 години, во почетокот на септенври во Центарот за обука и заштита од пожари “Пегаз ЕДУ” од Битола ги додели првите сертификатите на кандидатите кои учествуваа во обуката за професионални пожарникари, според програма верифицирана од Бирото за образование на возрасни лица, и истата беше акредитирана од Министерството за образование и наука на Република Македонија, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство и веднаш продолжи:-Да бидам искрен не знам денес дали “Пегаз ЕДУ“ постои и дали работи и извршува обуки, но ваквата организирана работа се покажа дека е неопходна, по пожарите кои ја зафатија Битола и Македија ова лето и нанесоа катастрофални последици.Инаку, како беше речено тогаш, обуката се состоеше од 750 часови кои се изведуваа во седум и пол месеци која беше мошне квалитетна.Обучените пожарникари по добивање на сертификатот можеа да си го најдат нивното работно место во територијалните противпожарни единици, во големите организации каде има потреба од професионални пожарникари.-Сертификати добија 14 лица ја посетуваа обуката која ја поминаа со висок просек, и оттука произлезе мошне квалитетен кадар. Обуката опфаќаше теорија и практика, и кандидатите се здобија со стручни компетенции кои се бараат за професијата пожарникари, тогаш изјави, Сашо Атанасовски, претседател на Центарот за обука и едукација “Пегаз ЕДУ”.

More from ВестиMore posts in Вести »