Националниот парк “Пелистер“ од Битола односно службите кои работат во институцијата – ренџерската служба, констатира дека е оштетени дел од опремата која служи за надгледување и алармирање на можен пожар во делот на Пелистер.
Се работи за оштетување на камерите со кои врши надзор на планината, а овие камери се вмрежени во нивни сервер и со Министерсвото за одбрана.
-На локација “Превалец“ на многу стратешко место од каде се набљудува скоро цел Пелистер поставени се два камери кои што служат за набљудување и рана детекција на пожари, при редовна контрола на ренџерот, вчера, откри дека дел од опремата е оштетена. Кутиите се оштетени и претпоставуваме дека се вадени инструменти и друга опрема, и интрументи и алатки. Случајот е пријавен в полиција, екипи на Националниот парк “Пелистер“ се упатени на лице место, а од таму е направена и пријава во полиција каде ќе се констатира штетата, направи увид и записник, вели Зоран Пројчевски, шумарски инженер. Од националниот парк се згрозени од направената штета и не сакаат да претпостават што може да се случи доколку не функционираат камерите.
Директорот на НП “Пелистер“, Малиќ Шемшедини вели:
-Постапивме и случајот го пријавивме во полиција со цел да се откријат сторителите и ќе поднесиме кривична пријава против непознат сторител. Не сакаме да ни се случи тоа што се случи во другите национални паркови во државата и во соседството .Опремата е наша, набавена преку проектот “Превент“ и е многу значајна за заштита од пожари на националниот парк Пелистер . Опремата е позврзана со сервер и со Министерството за одбрана. До сега успеавме да ги изменаџираме сите помали пожари кој се појавија и за тоа сме посебно горди како екипа во НП Пелистер.
Од националниот парк упатуваат апел, што побрзо да се најдат сторителите, опремата да се стави во функција и да воспостави мониторинг на планината бидејќи сите летово ги знаеме штетите кои се предизвикани од пожарите низ целата држава.
С. Ристески






