Press "Enter" to skip to content

11,1 милиони денари обезбеди Министерството за транспорт за реконструкција на водоводна мрежа и реконструкција на мешовита канализациона мрежа во Битола

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 17тата седница, на која ги донесе следните одлуки.

Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства од над 53 милиони денари за изградба на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација во повеќе општини.

Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства во износ од 11,1 милиони денари за реконструкција на водоводна мрежа и реконструкција на мешовита канализациона мрежа на ул. „11 Март“, ул. „Панде Николов“, ул. „Козара“ и ул. „Чеде Филиповски Даме“, општина Битола. Планирано е набавката за реализација да започне во месец септември 2024 година.