На 07.09.2024 во 01.00 часот во СВР Битола Ѓ.А. од село Барешани, битолско пријавил дека во угостителски објект кај м.в.„Кисела Вода” во Битола бил физички нападнат од лице од с. Горно Оризари,битолско. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 07.09.2024 во 11.55 часот во СВР Битола било пријавено дека во куќа сопственост на Е.А.(28) од Битола на ул “Козјак“ во Битола има пожар. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Битола, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. Од пожарот повредени лица нема, причинета е само материјална штета.






