Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 23 степени

Денес, сабота, 21 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 23 степени.

Утре, недела, 22 септември, во Битола времето ќе биде утрото студено, преку денот сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб променлив ветер. Температурата во Битола до 23 степени.