Press "Enter" to skip to content

Утре во Битола работилница за моќта на библиотерапијата од проектот “Книгата – прозорец кон светот“

Моќта на библиотерапијата како средство за борба со анксиозноста и предизвикувачкото однесување кај тинејџери и адолесценти без или со било каков вид на попреченост, е горлива тема за која вреди да се дискутира, да се добијат совети и научат стратегии и вештини кои ќе станат моќно оружј.

Во таа насока се организира Работилница која е деветта по ред во рамките на проектот “Книгата – прозорец кон светот“ поддржан од Министерството за култура во соработка со НУУБ “Св. Климент Охридски“ во Битола .

Гостин и модератор ќе биде Жанета Ристевска, психолог со долгогодишно искуство и непроценливо знаење

Работилницата ќе се одржи во читална при НУУБ ,, Св. Климент Охридски“, утре во 17 часот, о организатори се центар за помош и поддршка на деца и лица со попреченост “Сложувалка Срце“.

More from ВестиMore posts in Вести »