Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријава за физички напад, повреден работник, моторциклист изгубил контрола и паднал

На 26.09.2024 во СВР Битола, Б.Р. (48) од Битола пријавил дека на ул. „4 Ноември” во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 26.09.2024 во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола со повреда бил донесен 47 годишник од село Оптичари, битолско. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување на работни задачи. Увид бил извршен и за настанот бил известен трудов инспектор.

На 26.09.2024 во 16.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Васко Карангелески“ во Битола, 21 годишно лице од Битола, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола.