Кошаркарите на Широки денес пристигнаа во Битола и вечерва го одработија вечерашниот тренинг под водство на тренерот Иван Велиќ. Пред утрешниот натпревар двете екипи Пелистер и Широки имаат уште по еден термин за тренинг кој ќе го имаат во претпадневните часови, а натпреварот е закажан за 18 часот.Тренерот Иван Велиќ за оваа сезона и натпреварот од АБА2 лигата вели:
-Оваа сезона, ние сакаме да бидеме конкурентни со сите клубови во АБА 2 лигата. Имаме многу нови играчи, а нашиот тим е релативно млад, така што сè уште се навикнуваме на тоа. Што се однесува до натпреварот со Пелистер, очекувам неизвесна и нервозна игра, бидејќи првите натпревари се секогаш такви на почетокот на новата сезона. Мораме да парираме во скоковите и да се обидеме да го наметнеме нашиот ритам на игра кој ни одговара. Се надевам дека во овој прв натпревар ќе се претставиме себеси во добро светло.Ивица Радиќ, играч на Широки ТТ Кабели вели:
-Имаме добро завршен период на подготовка, така што сме подготвени за почетокот на новата сезона. Би било убаво ако го отвориме почетокот на АБА 2 лигата со победа против Пелистер. Ние знаеме дека ни чека тежок натпревар на гости кај домаќините, но ние сме фокусирани на нас, нашата игра во одбрана и напад, ние работиме многу добро, па се надевам на нашата победа”.