Амбасадорот на Франција, Н.Е Кристоф ЛЕ Риголер, заедно со првиот секретар во амбасадата Даниел Меркез, денес остварија прва официјална посета на Општина Битола, каде имаа средба со градоначалникот Тони Коњановски и секретарот Борче Димитровски.
На средбата се разговараше за досегашната добра соработка на општината со францускиот конзул во Битола и амбасадата на Франција и бројните заеднички реализирани проекти. Посебен акцент беше ставен на идните можности за зајакнување и продлабочување на соработката, на интересот за изучување на францускиот јазик во битолските училишта и други важни теми од економски и културен аспект.
По завршувањето на работниот состанок, градоначалникот Коњановски и амбасадорот Риголер, ја посетија Гимназијата „Јосип Броз Тито“, каде имаа средба со раководството на училиштето, дел од професорите и со учениците кои изучуваат француски јазик.






