Press "Enter" to skip to content

Цветан Кузмановски: да го спречиме нападот на Спортинг е прва задача

Утре вечер во Битола во спорстката сала “Боро Чурлевски“ македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ги продолжува натпреварите во Лигата на шамионите. “Пелистерци“ утре во рамките на 4. коло го пречекуваат Спортинг Лисабон од Потругалија.

Левото крило Цветан Кузманоски на официјалниот прес рече дека португалскиот првак е во одлична форма, но посакува први бодови во елитната конкуренција.

-Спортинг игра во страшна форма, тоа го покажаа и на домашен терен против еден гигант каков што е Веспрем. Но, ние играме на домашен терен, пред својата публика и како и на секој натпревар, ќе дадеме се од себе да се радуваме на први бодови во оваа сезона. Играат брз, модерен ракомет со многу трчање, наше е да одиграме добро во одбраната и да го спречиме нивниот брз напад, изјави Кузманоски.

Натпреварот Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон е утре со почеток во 20:45 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »