На 10.10.2024 во 22.45 часот во СВР Битола, Љ.Т.(43) од село Богомила, пријавил дека на патот за село Дихово, битолско, бил физички нападнат од лице од Битола, кој употребил и дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 10.10.2024 на ул. „Леринска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 40 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. Лицето е приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
На 10.10.2024 во СВР Битола било пријавено дека од ул.„Охридска” во Битола, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување подигнал стара неексплодирана артилериска граната со калибар 75 мм од Првата светска војна.
На 05.10.2024 околу 03.00 часот во СВР Битола било пријавено дека пред угостителски објект на ул.„Партизанска” во Битола, две девојки на 18 години и 17 – годишна девојка, сите од Битола, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






