Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: отворен вино бар “Буре“ во Битола (фотогалерија)

-Пред 10 години на 11 октомври, денот на Востанието на македонскиот народ свечено беше отворен, тогаш, новиот вино бар “Буре” кој се наоѓа во зградата “Магнолија” на истоимениот плоштад во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. Вино бар “Буре”, чии сопственик е Михаил – Мичо Симоновски, тогаш на свеченото отворање рече дека “Буре“ е само продолжение на содржините кои го нуди брендот “Буре”, а тогаш во 2014 година тоа беше трет локал во Битола. Во тоа време брендот Буре имаше свој локал на плажата “Градиште” во Охрид. Храната која ја нудат во текот на изминатите 10 години е со докажан квалитет, а во овој вино бар гостите уживаат и во единствениот амбиент, каде ќе ги препознаат сите знаменитости на Битола, односно по се она што е позната Битола ќе го најдат тука.Инаку, вино барот “Буре” е компелтно дизајниран Владимир Симоновски, брат на Мичо, а негова е и комлетната реализација на идеите.Тука е сместена историјата на Битола во изминатите 200 години. Во вино барот се наоѓа филмското катче, музичкото катче, чајџилница, џу-бокс катчето и останатите одлично уредени катчиња, каде битолчани ќе уживаат.Тогаш во 2014 година беше речено, пред сторина гости. кои уживаа во виното и мезето и во одличниот амбиент, овој локал ќе предизвика големо внимание, а се надевам дека и во наредните 10 години и повеќе ќе биде така.

Фотографии на Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »