На 23.10.2024 во 14.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.,,Филип Втори Македонски“ и ул.,,Наум Наумовски Борче “ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди”со битолски регистарски ознаки, управувано од 33 годишник од Битола и мопед „хамачи” со битолски регистарски ознаки, управуван од 20 годишник од Битола. Во несреќата митоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 23.10.2024 во 23.50 часот во СВР Битола, У.Т. (21) од с.Граешница, битолско, пријавил дека пред угостителски објект во Битола бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 23.10.2024 во 21.20 часот на ул.„Григор Прличев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 29 годишно лице од село Мусинци и 22 годишно лице од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едното лице била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 23.10.2024 во 19.00 часот на ул.„Гоце Делчев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода три лица на возраст од 45, 38 и 29 години, сите од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај А.Б. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.






