Press "Enter" to skip to content

Фото вест: започна реконтрукцијата на железниот мост кај “Рибарниците“

Екипи на јавното комунално претријатие “Нискоградба“ од Битола утрово ја започнаа реконтрукцијата на малиот железен мост кај “Рибарниците“ на реката Драгор во Битола.

Реконтрукцијата започна со корнење на старите железни табли по кои минуваа граѓаните, а потоа ќе има реконтрукција на целата железна контрукција.

Ова мало железно мовче е доста фреквентно, граѓаните по него “влегуваат“ во старата чаршија од страна на “Рибарниците“, тука поминуваат и учениците и основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ и од средното “Таки Даскало“, но и верниците кои ја посетуваат црквата “Св. Богородица“.

КЈП “Нискоградба“ целосно го реконтруира и дрвеното мовче на реката Драгор кој ги поврзува граѓаните од населните “Кланица“ и “Карпош“ со Јени Маале.

More from ВестиMore posts in Вести »