Press "Enter" to skip to content

Искусниот Александар Костовки за наредниот натпревар од АБА2 против Џокер: со заедничка енергија, наша и на публиката до победа

Кошаркарите на Пелистер утре во Битола го играат вториот домашен натпревар од АБА2 лигата, а за противни ќе го имаа тимот на НБА ѕвездата Никола Јокиќ, Џокер од Сомбор, Србија.

Искусниот кошаркар на Пелистер, Александар Костовски на синоќешниот тренинг на кој тренерот Александар Петровиќ ги разгледуваше сите можни претпоставки за натпреварот, ни рече:

-Оваа сезона сме навистина пријатно изненадени од посетата на битолчани на натпреварите, домашните и од АБА2 лигата. Затоа сакам да ги поканам и во среда да бидат со нас во еден исклучително важен натпревар за нас во АБА2 лигата каде што не ни преостанува ништо освен да одиме на победа против екипата на Џокер која е на местото на Вршац. Екипата на Џокер игра брза кошарка и според некои наши анализи главна карактеристика им е играта во транзиција. Се надевам на добар пристап кон играта, добра енергија.Мораме да го заборавиме поразот во Гостивар кој што беше еден шок за сите нас. Нема време за жалење, мораме да се фокусираме на овој натпревар и мислам дека важно ќе биде каква енергија ќе имаме во пристапот кон натпреварот.

Натпреварот се игра утре со почеток во 18 часот, во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола.