Press "Enter" to skip to content

Четириесет параглајдери од цела Македонија полетаа од Антена на Пелистер по повод денот на ослободувањето на Битола (фотогалерија)

Викендов 40 параглајдеристи од сите клубови од Македонија и двајца “тандеми“ 0д Битола полетаа од стартот кој се наоѓаше на залетиштето под Антена на Пелистер, на височина нешто помача од 2.600 метри и на тој начин го започнаа празнувањето на Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември. Целта, на која слетаа параглајдеристите, беше во Нова Битола, кај ливадата над основното училиште “Елпида Караманди“ каде параглајдеристите ги пречекаа љубопитните дечиња од тој реон. Оваа пелистерска параглајдерска авантура беше во организација на клубот Летачки конзули од Битола, кој на гостите им приреди еден совршен летачки ден, кој ќе го паметат и долго ќе го раскажуваат сите параглајдеристи, а посебно и двајцата “тандемаши“ од Битола кои за прв пат “летаа“ со параглајдер, директно од Пелистер.Оливер Цветковски е претседател на Летачките конзули и заедно со Владимит Јовевски се најзаслужни за ова несекојдневно дружење на овие храбри спортисти кои уживаат во слободата на небото. Цветковски за овој настан ни рече:-Поводот за организација на овој настан е 4-ти Номеври, денот на ослободувањето на Битола. Секоја година сакаме да го одржиме овој настан, ги викаме сите параглејдеристи од Македонија, и ние сакаме по повод денот да ги почестиме со еден прекрасен ден. Прртходно имавме и гости од странство. Настанот беше закажан за идниот викенд, но ќе има лошо време и затоа се одлучивме недела порано, и не е грешка бидејќи “испадна“ се како што треба. Кај нас во параглајдингот времето е основен фактор да се полета. Но, за да полеташ од Антена од 365 дена годишно, може да има само 10-15 вакви преубави денови, а ние ете го погодивме вистинскиот ден. Втор проблем, кога се организира ваква работа, дали ќе се полета е превозот, патот е лош до горе, но РЕК Битола, како дел од ЕСМ, како и многупати ни излезе во пресрет. Кога веќе кажуваме кој ни помогна мора да ја спомене и Општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски. Да бидам искрен, не ме уплаши рекордниот број на параглајдери кои полетаа, до сега најголем во државата од едно место, туку дали ќе се качиме до горе поради патот. Меѓутоа голема пофалба и благодарност до возачите кои “извозија“ до горе и ни го овозможија овој преубав настан. Малку почекавме за третиот услов, а тоа е ветрот, да “имаме чело“. Се погоди и тоа, неверојатно добро и добивме термика што ни беше гратис, што летавме горе по неколку часа, а сите летачи го добија своето најдобро летање. Затоа ни доаѓаат во толкав број. Антена им е некој синоним во овој период кога не се лета, има висок старт каде добиваме термика, над инверзиониот слој, и затоа сите добивме многу, вели Цветковски и додава:

-Вакви “будали“ на едно место не може да се најдат на едно место, но сите да бидат среќни, тоа е најважно. Летач се раѓа, а мора во него да има нешто, дали уклучено или исклучено, не знам сега, со некои работи треда да се расчисти. Не се работи за храброст, не за страв од висино, но има нешто…, профил си.Заедно со Цветковски во организацијата беше и параглајдеристот Владимир Јовевски, вработен во Општина Битола.-Го искористивме денот на ослободувањето на Битола за една ваква несекојдневна дружба во Битола. Имавме прекрасно време, летаа 40 пилоти од цела Македонија. За денешниот ден ќе кажам дека имавме идеален ден. Стартот беше на 2.520 метри, а се леташе до долу, до Битола, околу 35 минути, но некои истанаа и по неколку часа во воздух. Како поминавме во летањето немам зборови, треба се проба, немам друг збор. Моите почетоци се пред 37 години, а од 2000 година редовно. Не знам бројки, бидејќи од почеток бележевме, сега е бесмислено, има многу. Можеме да видиме по иструмент колку часа сме во воздух, а годишно сум околу 100 до 120 часа во воздух, а тоа многу добра бројка.-Параглејдеризмот е постапка која се учи, која е напишана во книга, исто како да полагаш за автомобил. Ако внимаваш на правилата не може ништо да се ти случи, се е безбедно. Ете јас  сум еден пример кој од 1987 се занимавам со овој спорт, без нити една повреда, затоа кој има желба тука сме да помогнеме секому да биде дел од нас, додава Јовевски.

Еден од поискусните параглајдеристи, овој пат како “тандемаш“, со кој заедно со мене како партнер во летот, “слеговме“ од Пелистер е Сашо Спиркоски – Цапе од Прилеп, на кој откако му заблагодарив за преубавиот лет и доживување во воздухот, ми рече:-Во воздухопловство сум скоро 29 години, а со летањето околу 24 години. Прво бев падобранец и имам 700 скока, а додека со параглајдер имам илјадници летови и не ни ги бројам. Мотивот за овој спорт да започнам беше желбата за слобода, адреналин и предизвик да почуствуваме нешто ново. Отпор на почетокот од домашните имаше и сега го надвладеавме и ме поддржуваат. Сага се занимавам професионално со параглајдеризам, “возиме“ туристи летно време во Охрид, за тоа наплаќаме и од тоа преживуваме. Претходно работев комерција и стана многу напорно со малку пари и се одлучив да го работам ова што го сакам, да летам. Што се однесува пак до денешниот лет, беше супер, имавме одлични услови, убави полетување, одличен лет, уште подобро слетување, па затоа голема благодарност за домаќините што ни овозможија одлично поминат ден, а секако и одлично дружење на сите кои сме во Битола, од сите клубови од Македонија.Еден од повозрасните параглајдеристи е Петар Дамчевски, лекар во Скопје, од Крушево кој за  настанот рече:-Поминавме перфектно во Битола, добри услови, топ време, добра дружба и секако одлична организација на нашите домаќини, клубот Летачки конзули од Битола. Ние за натпревар “се бериме“ околу 30 пилоти, а сега на ревијален лет сме повеќе од 40, што е голема работа. Прв пат полетувам од Пелистер, а до сега неколку пати сум го прелетал, е овој беше феноменален лет за кој вредеше напорот да се стигне до горе. Мислам дека околу стотина параглајдеристи има во Македонија, од кои половина се доста активни, се натпреваруваа, а три-четири се топ десет светски пилоти. Ако правиме некоја паралела со тенисерите на пример, како што постои нивна светска листа, моментално имаме двајца Македонски во топ 20, од кои имаат победено светски купови, што е на паралела на грен-слем во тенис, како на пример Ролан Гарос. За мене би додал дека годинава имам сто часа во воздух, најдолг лет 5 пет часа, километри близу 90. Што се однесува до другите, секој да проба, па сам да види како “влегува чивијата“.Мартин Јовановски од Прилеп, натпреварувач и инструктор, иако е млад, лета 23 години има повеќе од 6.000 часа во воздух, победил на Светски куп три пати, а за летот од Пелистер рече:-Ова е дефинитивно многу специјално за било кој летач во Македонија. Тука имаме луѓе кои летале долги години, направиле резултати, ама летањето од Пелистер секогаш е специјално, доста е несекојдневно и во други места во светот да има место за полетување на голема висина, како што ние полетавме денес. После самата планина е многу убава, горе со карпите, па како слегуваш долу со шумата, многу специфично, а самото слетување в град е врв, бидејќи нема препреки. Ова е еден од топ три летови во животот, и додава:

-Летањето не е комерцијален спорт, а кај нас се уште е специфично,  во Алпските земји ова го прави секој втор. Секој кој е планинар, качувач на планина, љибител на планина лета, бидејќи ова е лесен спорт, за аматери, е убаво и практично. Никој не треба да се двоуми, и некој да не се плаши, додава Мартин.Освен Мартин одлични резултати постигнува и Дарко Станковски од Велес, кој за летот од Пелистер, со возбуда рече:

-Пелистер е една од најубавите планини во нашата земја, дефинитивно е преубаво да се лета тука. Имавме фантастично време, летав на 3.000 метри, бев до грчка граница, летавме два часа, се гледа Преспа, со еден збор фантастичен поглед. Не знам дали се случило ова до сега, јас не паметам дека сме се собрале 40 параглајдеристи било кога, ова е најголема бројка. Мислам дека ова што се случи денес, кога се гледа се заедно, ова се случува можеби еднаш во 30 години, а и повеќе. Затоа само честитки за организацијата на битолчани. Инаку, дружењето е најбитно, особено во овој период, кога се ближи зима. Летам седум години, со 3.000 часови во воздух, што е голема бројка. А ќе порачам дека секој која сака да проба да проба, стравот е нормален, но се друго ќе се дојде на место.-Ретко се случува да полетувам од толку високо, обично полетуваме од Шапка на 1.600 метри, Крушево на 1.400, Водно на 1.100 метри… а ова е единствено место каде се полетува од близу 2.600 метри, со ретко убаво време. Летам 30 години и е убаво чувство да се лета со толку многу пилоти, вели Миле Лазевски од Скопје.Сите кои беа во Битола не го криеј задосволството од денот, како пристигнаа, летаа и се дружеа, а си посакаа и в година да ги послужи убаво време и да бидат со нов рекорд, најмногу параглајдерсити на Пелистер, а секако беа најмногу статуси на социјалните мрежи упатени до организаторите кои им “дадоа“ незаборавен ден на сите.

More from ВестиMore posts in Вести »