Press "Enter" to skip to content

М-р Марија Шамоска – Буџаковски в.д. директор на Државното музичко училиште во Битола

М-р Марија Шамоска – Буџаковски именувана е именувана за в.д директорката на Државното музичко учичиштето во Битола, која доаѓа од редот на вработените во ова државно училиште во Битола.

Марија Шамоска – Буџаковски е магистер по пијано, а титулата ја стекнала на  Факултетот за музичка уметност при Универзитето “Св. Кирил и Меродиј“ Скопје.

Зад м-р Марија Шамоска – Буџаковски стои 20 годишна кариера во областа на уметноста и педагогијата. Во педагошката работа како професор по пијанои е успешен педагог. Пијанистичката кариера ја развива како пијанист соло и во камерни состави со познати инструменталисти со пијано трио, како и со пијано трио – шест раце.

Марија Шамоска – Буџаковски е дел од основачите и организатор на Меѓународниот натпревар “Пијанофест“, како и на концерти, семинари, мастеркласи, европски проекти и настани со богата културна содржина.

Марија Шамоска – Буџаковски доаѓа на местото на досегашен директор Кирил Стојчевски.

 

More from ВестиMore posts in Вести »