Пелистер – Џокер 77:81
Екипата на Пелистер во рамките на 3. коло од АБА2 лигата е поразена во Битола од Џокер со резултат 77:81. По претходниот пораз во Подгорица, во 2. коло на гостувањето во Црна Горан избраниците на Александар Петровиќ денеска лошо одиграа а и пред своите гледачи во салата „Боро Чурлевски“, пред околу 2.500 илјади битолчани. Со овој пораз Пелистер си ја отежна битката за пласман во нокаут фазата.
Напреварот започна со израмнета игра, 6:7, потоа следуваше серија на “пелистерци“ 11:1, но следеше опуштање и гостинот се врати во игра. Диктираше темпо Пелистер до полувреметокое заврши со резултат 20:17.
И втората четвртина Пелистер ја отвори одлично и поведе за првпат двоцифрено 32:21, но повторно следеше пад. Џокер тоа го казни тоа и дојде до нерешено 34:34. Пелистер до крајот на првото полувреме, постигне уште некој кош. Вториот квартал заврши 18:18, а на одмор се замина со 38:35, разликата од првата четвртина која беше и тогаш +3 за Пелистер.
После одморот, во третата четвртина Џокер го презеде водството и дојде максимално на 11 разлика. Третиор дел од натпреварот резултатски беше во корист на гостите кои наоравија разлика од 16:25, а во завршницата се влезе со резултат 54:60.
На стартот на последната четвртина “пелистерци“ имаа добар одговор на тоа, се вратија до 62:66. Се играше драматична завршница во која гостинот од Србија бранеше позитива. Пелистер не се врати. Негативата неколку пати се спушташе на три и четири поени, но битолчани немаа сили за целосен пресврт. Џокер тоа го искористи и забележа важна победа во Битола.
Едвардс со 18 и Мишковиќ со 16 поени беа најефикасни во таборот на Пелистер, 12 поени реализираше Стајиќ, а 11 Антоан.
Џокер по првите три кола има максимални три победи, Подгорица е второпласирана со скор 2,1, пред Пелистер со 1:2 и Широки Бријег со 0:3.










