Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: три лица оштетиле две возила, “ренџ ровер” и “голф“

На 29.10.2024 во 16.30 часот во СВР Битола Ф.А. (21) од с. Доленци,битолско пријавил дека три лица со употреба на тврди предмети извршиле оштетување на неговото патничко возило „ренџ ровер” со битолски регистарски ознаки, паркирано на паркинг на ул. „Г.В.Карангелевски” во Битола.

Истиот ден во СВР Битола З.Џ.(20) од с. Обедник, битолско пријавил дека истиот ден истите лица извршиле оштетување и на неговото патничко возило „голф” со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »