Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола соопшти дека влезниците за утрешниот натпревар, вечното дерби на македонскиот фидбал, Пелистер – Вардар се распародадени.
Фудбалскиот клуб Пелистер, напоменува дека поради големата заинтересираност за натпреварот, секој (жени, деца и мажи) ќе мора да поседува билет за истиот со исклучок на навивачите и љубителите на спортот кои веќе имаат обезбедено сезонска или ВИП карта.
Интересот за натпреварот помеѓу Пелистер и Вардар е голем, затоа Фудбалскиот клуб Пелистер сопштува дека вратите на стадионот се затвораат во 18:30 часот, половина час пред почетокот на дуелот.
Апелираме навивачите од двете екипи спортски да го поддржат својот тим во согласност со прописите и законот, без извици и пароли на национализам, расизам и сл. Внесување на тврди предмети (запалки, лименки, шишиња, алкохол, оружје итн.) ќе биде строго забрането.
На денот на натпреварот распределени и отворени се следните сектори за влез и билети:
-Сектор 6 – влез за сезонски и ВИП билети.
-Сектор 4, 5 и 7 – влез за обични/поединечни билети.
-Сектор 8 и 9 – влез за Чкембари/Тампон зона.








