Ретко кога се случуваат и инциденти на кошаркарски натпревар во Битола, е последниот инцидент кој се случи на трибините ја разбранува кошаркарската јавност во градот. Имено, на кошаркарскиот натпревар во Битола помеѓу екипите на Пелистер и Кожув во рамките на 4. коло од првата кошаркарска лига можеше да има и посериозни последици, поради инцидент на трибините, кои се “пресели“ и на паркетот, и внесе нервоза, која дотогаш ја “имаше“ само поради резултатот на паркетот.
Инцидентот се случи кога навивачка на Кожув нападна битолчанка со дете, по што следуваше реакција на редарската служба, а потоа и на полицијата. Сето тоа се случуваше во присуство на челниците на КК Кожув.
Поради реакции на голем број на љубители на кошарката во Битола обавуваме снимки од кои се гледа како започнал инцидентот на трибините, преземени од официјалниот “стримин“ на натпреварот.










