Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: “голф“ излетал од патот за Демир Хисар, тешко повреден малолетник

На 04.11.2024 во 21.56 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, во близина на  село Лисолај, патничко моторно возило „фолксваген голф” со битолски регистарски ознаки, управувано од 29 годишник од Битола, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Битола, додека сопатничката 23 годишна жена од Кичево се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

.

More from ВестиMore posts in Вести »