Во големата сала на Центарот за култура Битола по повод роденденот на Битола 4 ноември денот на ослобудувањето на градот беа доделени општинските награди за животно дело и наградите за едно годишно остварување. По официјалниот дел следуваше културно уметничка програма во која беа поместени, спомнати, битолски брендови кои го одбележаа осум децениското постоење на слободна Битола. Како битолски брендови кои го одбележаа овај периодот од 80-години најстари брендови се: “Културно уметничкото друштво Стив Наумов” кое е формирано два дена после ослобудувањето на Битола на 6 ноември 1944ИЗиз година, “Народниот театар” од Битола формиран 14 ноември 1944 година. Исто така беа спомнати “Радио Битола”, “Битолски весник”, “КУД Илинден” , “Монмартр”, спортските клубови кои го носат името “Пелистер”, “Интерфест”, “ИФФК Браќа Манаки”… Во музичка програма настапија: мешаниот хор на “Стив Наумов”, “КУД Илинден”, детскиот хор “Ѕвончиња”, Полина Тасевска, Бојан Стојков, Димитар Андоновски. Пред Сефедин Бајрамов да ја испее песната за Ајри Демировски Снагата ми е во Стамбол, а душата во Битола.Битолчани се потсетија на убавиот глас на Ајри со видео запис од кабинетот на градоначалникот. Своја изведба за театарот имаше Петар Мирчевски, а за “Радио Битола” зборуваше некогашната водителка Данка Јанковска.Во музичката претстава беше споменат и авторот на првата македонска опера “Гоце“, Кирил Македонски.Текст и фото: Дамијана Ристевска
Со културно уметничка програма истакнати значајните Битолски брендови во изминатите 80 години
More from БитолаMore posts in Битола »
- Раул Алонсо нов тренер на Еурофарм Пелистер
- Деновиве пред 10 години: протест на здружението “За нас се работи“ за аерозагадувањето во Битола
- Нова убедлива победа на одбојкарките на Пелистер Волеј во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: наградата за животно дело за проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ
- Деновиве пред 10 години: ревијален натпревар помеѓу Пелистер и репрезентацијата на Македонија ФФМ составени од фудбалери, пејачи, кошаркари… (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »