Press "Enter" to skip to content

Одбележани 80 години КУД “Стив Наумов“ Битола – плакета за животно дело на Љубо Трифуновски (фотогалерија)

Вечерва на сцената на Народниот театар Битола се одржа свечена академија по повод 80 години од постоењето на културно-уметничкото друштво “Стив Наумов“ од Битола, најстариот македонски хор кој неуморно ја негува нашата музичка традиција и култура.По тој повод во преполната сала се одбрати претседателот на КУД “Стив Наумов“ – Владимир Христовски, кој се освра и на изложбата за 80 години КУД “Стив Наумов“ која беше отворена во фоајето на НТБ, и рече:-Вечерва сме тука не само да одбележиме една важна бројка, 80 години постоење на КУД “Стив Наумов“ туку се и да потсетиме на сите оние мигови кои што ја создаваат нашата историја. 80 години културна мисија која што не само што го оформува нашиот град, туку и ги менувала секој од нас, додавајќи светлина во нашите души. Секоја фотографија што ја видовте денес не е само печат на минатото туку е огледало на нашите срца. Во секоја од овие слики кои ги кажуваат настапите, патувањата, наградите има нешто длабоко. Тука се запишани нашите победи, нашите трудови…  80 години, значат многу, но за нас кои сме дел од оваа историја тие години не се само минато, тие се процес на растење, на заедништвио, на градење од една во друга година… Секој од вас кој е дел од овие 80 години, како член, пријател, како поддрувач оставил своја трага. Се секој концерт се само што сме ја оживеале нашата традиција туку сме ја и збогатиле, и претставиле по светот и затоа ова вечер сме со вас.80 годишниот роденден на “Стив Наумов“ им го честита и градоначалникот Тони Коњановски и им порача дека секогаш ќе имаат поддршката од локалната самоуправа.-Јас искрено во име на Општина Битола ви благодарам за што направивте за нас и за поканата да бидам тука. Оваа година славиме три јубилеи, три огромни јубилеи, 80 години од ослободувањето на Битола, 80 години КУД “Стив Наумов“ и 80 години Народен театар Битола. Само два дена по ослободувањето на Битола, на 6 ноември, понесени од слободата која конечно ја дочекале, се собираат група ентузијасти и борци кои што ги испеале песните во чест на слободата и на паднатите борци. Како градоначални носам огромен товар да се продолжи делото на сите луѓе кои оставиле трага, меѓу кои и оние кои поминале низ ова друштво. Нема човек кој не ги знае успесите на ова друштво, а и на Љубомир Трифуновски од кои имаме да учиме од вас, културните амбасадори како Вас.Благодарници беа доделени на највозрасните членови на “Стив Наумов“, Мишко Христов, Соња Митревска, Благица, Зоран Димовски, Димитар Митрев…Плакети за посебен придонес за развој на друштвото добија Општина Битола, Министерсво за култура, Сојуз на борци Битола, Преспанско -палагониска епархија, Народен театар, Центар за култура, Ротари клуб Битола – Широк Сокак, Музичко училиште, АБЦ Дојчиновски, Графопром, Синсикат на РЕК Битола и Синдикат на ЕСМ.Посебни плакети како поединци добија, Томислав Дунгов – долгогодишен преседател, Нико Наумов – долгогодишен диригент на мандолинскиот оркестар.Никола Христовски кој доби плакета за шест децениско активно учество во хорот, се обрати до присутните, го честита јубилејот и порача сите да го помагаат постоењето на “Стив Наумов“ бидејки е огромно богаство за Битола.Плакета за животно дело КУД “Стив Наумов“ ми додели на Љубомир Трифуновски диригент на сите хорови од 1962 години до пензионирањето, а кој е денес е активен.-Јас сум наставник, педагог, диригент, основач на младинскиот женски хор, а ќе кажам дека основата е мешаниот хор која вечерва е пред нас. Овој хор бил во сите земји, донел во Битола многу, десетици-стотици награди, бил пример како фунционира и како напредува и јас и сите вие за тоа треба да се гордееме. А што се однесува пак до наградата, плакета за животно дело која вечерма ми е доделена од мојот КУД “Стив Наумов“ ми е посебно драга и многу тежу, бидејќи во неа се вметнат, вграден трудот на сите членови кои во изинатиот долг период од 60 години, кои поминале низ моите раце и секако на останатите кои биле дел од Друштвото. Посебно ми е драго што и е врачено, тука пред моите битолчани, кои цел живот ме следат мене и ми даваат голема поддршка, рече Трифуновски.Инаку, КУД “Стив Наумов“ е основано на 6 ноември 1944 година, веднаш по ослободувањето на Битола, друштвото започна со концерт предводен од првиот диригент и композитор, Тодор Скаловски. Тој и хористите, некогашни партизани од Седмата македонска ударна бригада, настапија на плоштадот во Битола, пренесувајќи ја слободната македонска песна во чест на паднатите борци.Овој момент стана основа на традицијата што со децении ги инспирира и обединува битолчани и македонски уметници ширум светот. Друштвото доживуваше златен период со над 120 хористи и неколку оркестри, меѓу кои мандолинскиот и дувачкиот оркестар, и патуваше ширум светот.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »