Во пресрет на Денот на науката, на Педагошкиот факултет – Битола, единица на УКЛО, на 6 ноември 2024 г. се одржа вебинар на тема „Емпатијата кон надарените и талентираните“.
Научната констатација е дека талентирани се оние кои напредуваат во општествата и светот, а образовниот систем е одговорен да ги открие и негува во професионалниот живот, резимира проф. д-р Љупчо Кеверски, експерт во областа.
Нагласено е дека и Битола и Универзитетот се пионери, креатори на имиџ за третман на талентирани студенти. Педагошкиот факултет на втор и трет циклус има студиски програми за надарени и талентирани, што несомнено претставува висока, додадена вредност на УКЛО.
Ректорот проф. д-р Игор Неделковски го изрази задоволството за посветената грижа за надарените и талентирани студенти, како и нивната улога во општеството. Тој посочи дека УКЛО е лидер во оваа област, со институционализирани активности, развиени правила и формирани групи каде професорите активно работат на поддршка на талентираните млади луѓе.
На настанот покрај раководството на Факултетот, академски кадри, студенти и заинтересирани учесници, трибина ја следеа и проректорите, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска и проф. д-р Јове Димитрија Талевски, а преку видео врска се вклучи проф. Станислав Милошевиќ, програмски директор на „Истражувачката станица Петница“ од Белград, Србија.
Вебинарот уште еднаш потсети на важноста за негување и јакнење на емпатија кон надарените млади луѓе и нивна брза интеграција во општеството. Оценка е дека и со овој настан, се прави уште еден чекор кон создавање на негувачка средина за талентирани студенти, за да им се помогнеме да го достигнат својот целосен потенцијал и да бидат лидери на иднината.

Лидерската улога на УКЛО Битола за талентите продолжува
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





