Press "Enter" to skip to content

“Ротари отворен ден“ во Битола на Ротари Клуб Битола Широк Сокак со тема “Заедно во борба против полиото“ (фото)

Денес на пладне во Битола во магазата  беше одржан “Ротари отворен ден“ организиран од страна на Ротари Клуб Битола Широк Сокак  во соработка со НУ Завод и музеј Битола под мотото ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ ПОЛИОTOGETHER WE END POLIO”.Настанот Ротари Отворен ден – ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ ПОЛИО- , TOGETHER WE END POLIO”, беше организиран од страна на Ротари Клуб Битола Широк Сокак во соработка со НУ Завод и Музеј Битола по повод одбележување на меѓународниот ден на борба против полиото и  јубилејот на НУ Завод и Музеј –  “90 Години Музеј”.Присутните имаа прилика да се запознаат со активностите на Ротари Клубот Битола Широк Сокак  – кој е член на меѓународна организација ROTARY INTERNATIONAL, како и проектите кои ги имаат реализирано во нивното 15 годишно постоење.Пред присутноте беше истакнато што значи ПОЛИО и што Ротари заедницата во светски рамки има направено за искоренување на оваа болест, а воедно беше одбележан и големиот јубилеј на Националната установа Завод и музеј – Битола – “90 години Музеј“  за што свое обраќање имаше и директорот Зоран Николовски.Ротари клубот Битола Широк Сокак, секоја година традиционално организира настани по повод одбележувањето на 24-ти Октомври – Меѓународниот ден на борба против полиото (детската парализа). На овој начин овој клуб дава свој придонес за едукација на пошироката заедница за неопходноста од вакцинирање со сигурни и ефикасни вакцини, со цел спречување на заразување со Poliomyelitis, полиовирус, вирусот кој ги напаѓа децата на возраст под 5 години.На настанот покрај присутните беа поканети и институции и доктори од нашиот град кои зеле учество во претходни настани на тема искоренување на детската парализа – полио, и на истите им беа доделени благоданици од страна на Ротари Клубот Битола Широк Сокак за нивото:-Здравствен дом “Д-р Хаим Абраванел“ Битола – служба за превентивна здравствена заштита на доенче, мало дете и предучилишно дете.

-д-р Ирена Петровска- Блајбершник, д-р Хелга Павловска,

-Приватната болница “Плодност Битола“,

-Д-р Маргарита Камбовска,

-Прим. д-р Аница Апчевска Василева,

-Висока Медицинска Школа – Битола и директорката Тања Јовановска.На присутните им се обратија директорот на НУ Завод и Музеј Битола, кој беше домаќин на овој настан и укажа на трите големи настани кои ќе го претстават јубилеjот – “90 години Музеј”.Претседателот на Ротари Клуб Битола Широк Сокак за роатаријанската 2024-2025та година Димитар Велковски  напомена дека: Како неполитичка организација, Ротари остануваат посветени да бидат вклучени во активности кои се неопходни и се со единствена цел, а тоа е да се заштити здравјето на децата насекаде!

Собраните донирани средства од овој настан, ќе бидат уплатени во Полио фондот на Ротари Интернационал.

More from ВестиMore posts in Вести »