Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за дрога, физички напад, повреден пешак

На 09.11.2024 во 02.20 часот на регионален пат А3 во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 31 годишник од Битола, затоа што при преглед кај него пронашле  грутчеста  материја. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 09.11.2024 во 00.30 часот на ул. “Карпош” во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 42 годишник од Битола, затоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 08.11.2024 во 23.45 часот во СВР Битола, Г.Б. (42) од Битола пријавил дека на ул.„Прилепска” во Битола бил физички нападнат од 31 годишно лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 08.11.2024 околу 13.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. “Васко Карангелевски” во Битола патничко моторно возило “сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 58 годишно лице од Битола, удрило во пешак на возраст од 70 години од Битола. По несреќата, пешакот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »