Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: протест на здружението “За нас се работи“ за аерозагадувањето во Битола

-Пред 10 години во Битола, на Денот на ослободувањето на градот на 4 ноември се одржа на мирен протестен марш што го организираше Здружението “За нас се работи“, кој започна од пред платото пред споменикот на Стив Наумов, а заврши до Народниот театар Битола, каде
што се одржуваше свечената академија и доделување на 4-то ноемвриските награди, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Битолчани излегоа на улица со пароли “Воздухот е живот, воздухот е право“, “Вадете ги сега маските“, “Сакаме да дишиме“, “За нас се работи“, “Битола на шкрги“…Од Здружението на граѓани “За нас се работи“ побараа итно поставување мерна станица во
централното градско подрачје, која не работеше подолг период и ја мереше загаденоста во Битола, каде положија цвеќе во знак на непостоње, и санкционирање на аерозагадувачите, и загадувањето да биде вор амките на дозволено.

More from БитолаMore posts in Битола »