Press "Enter" to skip to content

“Муло“ нов билијард клуб во Битола (фотогалерија)

Деновиве Битола доби нов билијард клуб “Муло“ кој се наоѓа кај месноста “кај Чинаро“ во просториите на месната заедница. Билијаrд клубот е еден од најмодерните и најубаво опремени, не само во Битола туку и во државата и нуди одлични услови и е место каде што може да се играат натпревари од домашните турнири и но и  меѓународни мастерси.-Билјард клубот “Муло“ е отворен деновиве, во објект кој е целосно реконструиран, со површина од околу 250 метри квадратни. Билјард клубот располага со четити билјард маси, од новата генерација, кои се лиценцирани од страна на билјард федерацијата на Македонија. Бидејќи Битола е позната како град во кој се игра билјард децении наназад, поставена е билјард маса “на чинети“ за поискусните играчи на билјард кои ја сакаат и преферирираат оваа игра. Деновиве ќе биде поставена уште една маса и со тоа ќе го заокружиме просторот каде ќе бидат поставени билјард масите, вели сопственикот Мартин Муловски.-Клубот сакаме да биде отворен за сите љубители на билјардот во Битола, како за активните билјард играчи кои се натреваруваат во „А“ и “Б“ дивизијата, за оние играчи кои бркаат пласман во дивизиите, за почетниците кои сакаат да се пробаат во овој спорт, како и за рекреативците. Секој може да си резервира термин без разлика дали е натпреварувач или не, дали сака едноставно да се дружи со пријателите…, додава Муловски.Клубот е опремен по највисоки стандарди, со голем простор каде се сместени билјард масите, со простор за дружење каде посетители можат да бидат послужени со кафе, чај или пијалоци, со функционален шанк, со пикадо, со надворешна тераса, а има и место за паркирање.-Просторот го уредуваме повеќе од шест месеци и во објектот е направена целосна реконструкција на објектот. Сите инсталации се нови, подот целосно нивелиран, односно се е направено во функција да ги задоволува потребите на натпреварувачите, рекреативците и сите гости без разлика дали ќе играат или не, вели Мартин Муловски.Мартин Муловски веќе една година е активен натпреварувач, а бил и победник на мастерс турнири од “Б“ дивизијата. Сега е член на билјард клубот АС за што вели.-Мојот, да речам професионален статус како играч на билјард клубот, беше мотив плус за отворањето на клубот “Муло“. Се надевам дека како дел од новоформираниот клуб АС, ќе стигнам до целите кои ги имам зацртано како играч, а тоа се натпреварување во “А“ дивизијата, а потоа плановите се и за меѓународни мастерс турнири. Моментно во клубот имаме 12 натпреварувачи, а секако најдобар е Златко Ицановски, кој зад себе има големи резултати. Според програмата и статутот на клубот планираме и развој на клубот, не само на овие 12 кои се сега, туку и вклучување на млади кои сакаат да бидат дел од овој спорт и во да бидат членови на нашиот клуб. Планираме и усовршување и сите играчи со посета на меѓународни семинари и учество на меѓуанродни натпревари, а се надеваме дека дел од тие семинари ќе ги одржиме тука, со цел да присуствуваат и да се усовершуваат што поголем број на играчи не само од нашиот клуб туку и од останатите во градот и државата, вели Муловски.Клубот кој за тоа како е опремен и како е уреден покрај тоа шти ги исполнува условите на федерацијата за одигрување на мастерс тунири, ги добива деновите сите комплименти и пофалби од играчите и сите кои го посетија. Токму денес ја доби и најголемата потврда за тоа, во Битола, во билјард клубот “Муло“ се одржува државно првенство, а ние да им посакаме за брзо да организираат и меѓународен мастерс турнир, за што има најава и од билјард федерацијата на Македонија.

Сашо Ристевски

More from КомерцијаMore posts in Комерција »