Денес, понеделник, 11 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Упрвата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и постудено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 12 степени.
Утре, вторник, 12 ноември, во Битола времето ќе биде променливо облачно, студено и со сончеви периоди. Ќе има услови за повремен слаб дожд, а на повисоките планини и особено од вечерните часови со појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 9 степени.






