Денес земјите победнички во Првата светска војна го одбележуваат Денот на Помирување. Потпишувањето на примирје се случи во железничкиот вагон во Франкпорт во близина на Компијења, Франција и стапи на сила во 11 часот на 11. 11.1918 година, со што се окончаа борбите во Првата светска војна која беше една од најразорните која ја имаше светот до тогаш видено.
По повод 106 години, од пробивањето на Солунскиот фронт, на српските воени гробишта со положување на свежо цвеќе, Градоначалникот Тони Коњановски изрази чест и можност заедно со високи претставници на Република Србија – државниот секретар Зоран Антиќ, потпретседателот на Владата Иван Стоилковиќ, амбасадорката на Република Србија Невена Јовановиќ, пратеници од собранието на Република Македонија, претставници на Заедницата на Срби во Македонија, заедно да одадат почит на паднатите борци од Солунскиот фронт и сите жртви кои страдале за време на Првата светска војна од овој регион.

Во Српските гробишта во Битола одбележан денот на примирјето во Првата светска војна
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





