Press "Enter" to skip to content

Во Битола облачно, температурата до 8 степени

Денес, сабота, 16 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец поизразен претпладне.
Максималната температура во Битола ќе биде до 8 степени.

Утре, недела, 17 ноември, во Битола времето ќе биде студено со можна појава на магла. Преку денот сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност. Максималната температура во Битола ќе биде до 8 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »