Press "Enter" to skip to content

Промовирана пригодна поштенска марка на УКЛО Битола „Еден век наука и знаење“

Со слоганот „Еден век наука и знаење“, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола промовира пригодна поштенска марка и афирмира два исклучително значајни настани, 100 години од најстарата единица – Научен институт за тутун – Прилеп  и 45 години од основањето на УКЛО.Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски истакна дека ова е уште еден настан на УКЛО во една историска година за Универзитетот како член на европската Алијанса КОЛОРС. Марката е издадена од македонска Пошта, подготвена од Бирото за филателија и УКЛО ќе ја користи во кореспонденција во земјата и странство, за да се потсетат пријателите и партнерите на Универзитетот за важноста на науката, дека во УКЛО науката и знаењето се негуваат веќе еден век.Идејното решение на поштенската марка, на која се прикажани броевите 100 и 45, со заеднички предзнак: хаштаг УКЛО го дизајнираше Здравка Мирчевска од Централната стручна и административна служба на УКЛО, а го изработи сликарот Лоран Куфало. Пригодната поштенска марка е со номинална вредност од 36 денари во тираж од 6000 примероци.

Свеченото претставување на пригодната поштенска марка се одржа на 15 ноември 2024 г. во рамки на Годишната меѓународна научна конференција „Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“ како своевидна симболика на единството меѓу едукацијата и научно – истражувачката дејност.

More from ВестиMore posts in Вести »