
Луѓето секогаш реагираат на состојбите на луѓето околу нив, биле за тоа свесни или не. Лошите чувства, директно се пренесуваат од личност на личност, посебно ако тие се блиски. Границата меѓу „ЈАС“ и „ТИ“ во суштина е само илузија. Оној најдлабок дел на човекот, колку и да бил прикриен со социјални деформации и истиснат од свеста, реагира со емпатија и идентифијкација со сите живи суштества.
Психолошки факт е дека се што човек му прави на другите, си прави и на себеси. Таа се заснова на вродениот потенцијал на човекот за емпатија и идентификација со сите живо суштества. Од оваа длабока психолошка вистина извира и друга – Се што човел си прави на себе, им прави и на другите(посебно на оние кои му се блиски). Ова се заснова на сознанијата кои не произлегле ниту од религијата ниту мистиката.
Емпатија и идентификација со сите живи суштества.
Вродената особина на човекот несвесно да се идентификува со друга личност може јасно да се види и преку мерни инструменти. Ако се приклучат две личности на полиграф и им се мери реакцијата на кожата или психогалвански рефлекс на кожата која покажува ниво на психофизиолошко возбудување, можеме јасно да воочиме една тенденција:
-Кога две личности седат во иста просторија, одвоени се и не се слушаат една од друга и не ги гледаат резултатите на екранот од компјутерот на онаа друга личност, можеме да приметиме дека меѓусебно реагираат физиолошки. Ако расте напнатоста не едната личност, моментално расте и напнатоста на другата. Без оглед на гоа што не се гледаат и не се слушаат.
Кога ќе се видат и слушнат рекцијата е уште посилна.
Луѓето секогаш реагираат на состојбите на луѓето околу нив, биле за тоа свесни или не. Мозокот може да го блокира пристапот на тие информации на свеста, но тоа не го менува фактот дека реакциите се случуваат во нашето тело. Секој влијае на секој, дури и кога не зборува ништо и не ги исполува своите состојби во однесувањето.
Егзактно може да се покаже дека она што си го правиме на себе, им го правиме и на другите, како и тоа дека она што го правиме на себе, го правиме и на другите.
Неразбирањето на тој закон често е кај личности кои сметаат дека не е важно дали се сакаат себеси. Важно е да ги сакаат другите (децата, партнерот) и дека им пружаат љубов. Тие не се свесни за фактот дека не сакајќи се себеси, не водејќи сметка за себе, тоа го прават и на личностите кои ги сакаат. Од една страна психолошки, бидејќи ги оптоваруваат личностите кои ги сакаат со чувство на вина, со грижата за нив. со лутина (затоа што не се сакаат себеси, а тие се објект на љубов на оние кои ги сакаат- значи не ја сакаат личноста која ја сакаат оние кои ја сакат- себе сами). И физиолошки, бидејќи лошите чувства, директно се пренесуваат од личност на личност, посебно ако се блиски.
Надворешниот свет исто така може да му донесе многу страдање на човекот. Но одстапувањето од стандардите за добриот човек е минус„грев“ и страдање кое човекот го бира сам и со тоа најповеќе го губи своето самопочитување и психичко здравје. За да се заштити од надворешните извори на страдање, човековите суштества често бираат да ги издадат сопствените природни потенцијали, да се одбранат со самозалажување. Но напротив потешко е. Математиката е погрешна. Да се биде добар човек е полесно и поисплатливо, ако се мери со психолошко математички мерила според психотерапевтот Небојша Јовановиќ за кого.
ДОБАР ЧОВЕК е одговорен за :
-Сопствена перцепција на светот и другите луѓе, како и за свои толкувања на реалноста и сликата на светот кои се создава на основа на тие толкувања,
-Создавање на представи за себе, со своите потенцијали на добрина,
-Одговорите кои ги дава и последиците кои од тие одговори произлегуваат,
Реализација на сопствените потенцијали,
-Зачувување на своето здравје,
-Односите со другите луѓе и
-Својот однос спрема планетата на која живееме, живите суштесва, општесвото и човештвото.
Самопочитувањето е пред себе (затоа и се вика самопочитување)
Се заслужува со исполнување на одговорностите кои ги имаме спрема сопствените потенцијали – потенцијали вградени во нашата човекова природа. Ликот на Бога, е длабоко вграден во нас потенцијал на човековата природа, морални закони, како и да ги наречеме и толкуваме.






