Денес, вторник, 19 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде утрото студено и магливо. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утре, среда, 20 ноеври, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен до силен јужен ветер. Температурата во Битола до 11 степени.






