Денес, ова 2024 лето Господови, манастирот на Баирот, над Битола посветен на Св. Архангел Михаил го слави и одбележува денот на Свети Архангел Михаил, војвода на сите ангели – водач на сите небески сили.

По тој повод отец Никола одржа две богослужби, вечерва и утринска, “свети“ вода и заедно со домаќините и сите на кои бра присутни “кренаа“ лепче за здравје.
Отец Никола, како и при ланското славење на Светецот, на присутниме и се обрати и говореше за Св. Михаил Анхангел, при што рече:
-Господ кога го создавал светот, според Светото предание, најпрво го создал невидливиот свет, а водач на сите тие Архангели бил Сатанаил. Сатанаил бил најдобар, најголем и посакал да стане Бог. И токму поради тоа Господ го дарувал со сила Михаил, кој во таа духовна борба победува Светиот Архангел Михаил, само со еден збор “Да внимаваме“. Денес ние сме дојдени пред Бога, пред Светиот Архангел Михаил и даваме некаков завет и велиме “Да внимаваме“, се молиме и го исполнуваме Божјите заповеди.
Оваа година на славата на манастирот “Св. Архангел Михаил“ имаше единасет кумови: Билјана, Никола и Мартина, Тони, Анастасија, Дијана, Игор, Иле и Мирјана, Марјан, Митко, Валентина и Вики.
Тони Трајчевски, еден од кумовите рече:
-Денес сите заедно го одбележуваме празникот на Светецот Архангел Михаил, а мене ова ми е трет пар да бидам кум. Сакам на сите кои имаа слава да им честитам славата, но и на сите да ни биде честит Денот, со желба сите да бидеме здрави и живи, и да се гледаме само за убави работи. Да се биде кум на овој ден значи да се помага на манастирот, да се биде дел д неговата изградба. Тука сме секохаш, без разлика дали ќе бидеме кумови или не.
Мирјана Јошевска за прв пат со сопругот Иле се кумови, но ова не е нивно прво доаѓање тука.
-Секоја година доаѓаме тука, на Баирот, во манастирот посветен на Свети Архангел Михаил да “кренеме“ лепче и да бидеме дел од богослужбата. Минатата година “се ветивме“ дека ќе бидеме кумови и еве годинава сме тука заедно со останатите кумови. Чест е да се биде кум на некоја слава. Оние кои не познаваат знаат дека нашето семејство помага и на други манастири, а ќе продолжиме и понатаму. Само со помош на манастирите тие ќе опстојуваат, а ние како кумови, заедно со останатите верници ќе го славиме Бог и сите Светци.
За идни кумови се пријави и семејството Јаневски, Билјана и Златко, а Билјана за идното кумсто вели:
-Кога дојдовме денес да “кренеме“ лепче, како и секоја година за здравје, немавме таква намера, но ете кога свештеникот праша кој сака да биде иден кум се пријавивме. Голема е чест да биде кум на било кој верски објект за било која слава на Светец. За идната година се пројавивме повеќе луѓе, а се надевам дека со договор помеѓу нас, ќе се потрудиме достоинсветено да го ја одбележиме славата на манастирот “Св. Архангел Михаил“ кој да потсетам се наоѓа во близина на Битола, над Баирот.
Инаку, да кажеме и тоа дека црквата “Св. Архангел Михаил“ се наоѓа во месноста Баир во Битола, над манастирот ““Св. 40 маченици“ – Кркардаш или над меѓуградскиот патен правец М5 кој ја поврзува Битола со Охрид. Од ова место има единствен преубав поглед на Битола, на Пелистер, на Пелагонија, на Кајмакчалан, а се гледаат и термоелектраните во Грција.
Според месните жители, ова свето место постои веќе четириесет години. Големиот манастир посветен на Св. Архангел Михаил и е во фаза на изградба, а веднаш до него е малото црквиче кое се секогаш отворено, каде битолчани можат да запалат свеќа, да се помолат, а намерниците да се заштитат при невреме.

Малото црквиче го изградил брачен пар од Битола, а еден од луѓето кој ги постави темелите за новиот манастир беше Јован Ковачевски – Јован Ковач, кој има изградени голем број манастори. Поради неканонско градење се турна дел од манастирот, а сега е направен нов. Моментално се работи на внатрешно уредување на манасторот.
Текст и фото: Сашо Ристевски
[ngg src=”galleries” ids=”2207″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






