Press "Enter" to skip to content

Во Битола претежно облачно со врнежи од дожд, температурата до 13 степени

Денес, петок, 22 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен. Температурата во Битола до 13 степени.

Утре, сабота, 23 ноември, во Битола времето ќе биде претпладне променливо облачно, со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 4 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »