Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: “форд“ излетал од патот Битола-Ресен возачот тешко повреден, уапсен прилепчанец во Битола баран по потерница

На 22.11.2024  во 17.50 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот А3 Ресен-Битола патничко моторно возило „форд” со битолски регистарски ознаки управувано од 68 годишник од Битола излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

На 22.11.2024 во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Битола во маркет лоциран на ул. „Филип Втори Македонски”, врз основа на централна потерница од Казнено поправната установа Затвор Идризово, го лишиле од слобода  46 годишник од Прилеп, кој бил баран за казна затвор во траење од една година и два месеци.

More from ВестиMore posts in Вести »