Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова на дел од основачите на партијата од Битола им додели пригодни поклони, како благодарност за нивниот придонес во формирањето и растот на ЛДП во изминатите 30 години.
Дејан Ристевски, поранешен градоначалник и советник од ЛДП и Горан Савевски поранешен советник и кандидат за градоначалник од ЛДП, ги добија заслужените подароци и имаа разговор со престедателката на Зајкова и до Димитар Кузмановски, претседател на битолскиот огранок на ЛДП.
Савевски и Ристевски истакнаа дека се почестени од вниманието кое им го направила партијата и дека продолжуваат и понатаму активно да учествуваат и да помагаат во работата на партијата.
Зајкова истакна дека ЛДП е благодарна за нивниот придонес и дека од вакви личности и е чест да побара совет и нешто да научи.

ЛДП со посебна благодарност до дел од основачите во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





