На 25.11.2024 во СВР Битола било пријавено дека во 09.00 часот во нива во село Драгожани, битолско, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување била подигната артилериска граната калибар 105 мм од Прва светска војна.
На 24.11.2024 во 21.50 часот на ул.„Столарска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 29 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 24.11.2024 во 15.30 часот во СВР Битола, И.П. (55) од Битола пријавила дека на ул.„Филип втори македонски” во Битола била касната од куче скитник.






