Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Владимир Јончевски – Шеки

Вчера во Битола почина професорот во пензија Владимир Јончевски – Шеки, кој предаваше и се пензионира како професор по физика во гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола.

Владимир Јончевски – Шеки бил и заменик директор во оваа битолка гимназија.

-Нашиот Шеки ќе го паметиме како човек со големо срце, професор со широк распон на мислата, визионер, шегобиец, човек омилен во сите генерации ученици и сите генерации професори и работници во Гимназијата, напишаа неговите колеги од Горната Гимназија.

Погребот ќе биде денес, понеделник во 12:30 часот на старите гробишта во црквата “Св. Недела“ во Битола. Во капела телото на починатиот Јончевски ќе биде изложено од 11 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »