Денес, вторник, 26 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде ведро и студено. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Температурата во Битола до 11 степени.
Утре, среда, 27 ноември, во Битола, времето ќе биде наутро со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во Битола до 12 степени.






