Во гимназијата “Јосип Броз Тито“ Битола се одржаа активности од кампањата за подигање свест “Опасности и последици од злоупотреба на алкохол, дрога и психотропни супстанции“ на Советот за превенција од детско престапништво Битола.
Во пракса тоа е т.н примарна превенција која вклучува едукативни трибини низ средните училишта за тоа кои видови дрога постојат, како делуваат, колку се штетни, последици од алкохол. Преку еден физички и психолиошки пристап, да изградат здрав став во однос на проблемот за кој ce зборува. Овој принцип е засновен на идеја за „вакцинација“, да им се пријде на младите пред да бидат изложени на алкохол, дроги и информации за дрога, при што да им се даде права информација со која ќе бидат отпорни на нудење на дрога,алкохол ако се најдат во таква ситуација велат од ОСПДПБ за трибините низ средните училишта во Битола.
Во рамки на месец на борба против зависностите, на оваа тема со интерактивни трибини членови од ОСПДП кои доаѓаат од различни институции имаат превентивни излагања секој од свој аспект.
На 25 ноември беше одржана трибина меѓу ученици од прва година во СОУ „Јосип броз Тито“ Битола.
-Продолжуваме со активности од кампањата во СОУ Гимназијата “Јосип Броз Тито“. Адолесценцијата е период со зголемен ризик за појава на болести на зависност кај младите, алкохол, пушење, дрога. Дрогата со катастрофални последици по психофизичкото здравје и трагични случаеви на млади кои посегнале по дрога и изгубиле животи од труење со преголема количина на дрога. Психолошката и физиолошката зависност што ce создава при употребата на повеќе дроги, доведува до многу посериозни здравствени, социјални и финансиски проблеми. Високата цена на дрогата и другите финансиски тешкотии околу нејзината набавка водат често до криминал и до деликвентно однесување. Затоа се тука претставници од институции членови на ОСПДП кои ќе зборуваат на оваа тема од свој аспект кажа претседателот, Жанета Ристевска психолог, и ги претстави членовите на Советот кои се обратија на трибината.
Елена Јакимова психолог во гимназијата “Јосип Броа Тито“ исто така член на ОСПДП рече:
-Соработката помеѓу Гимназијата “Јосип Броз – Тито“ и ОСПДПБ трае уште од неговото формирање и опстојува до денес. Мило ми е што соработуваме и што можеме заеднички да придонесеме во превенирањето на најчестите негативни однесувања кај младите.
Силвана Дејановски член на ОСПДП од Основен суд имаше кратка презентација за тоа “ШТО Е ПРЕСТАП“ и зборуваше за Закон за правда на децата, со кој закон се уредува постапувањето со децата во ризик и децата што извршиле дејства што со закон се предвидени како кривични дела и прекршоци.
Даниела Стерјева од Центар за социјална работа зборуваше за ингеренциите на Центарот и за тоа дека тие се јавуваат како подршка за родителите на децата во ризик и Митко Бошевски од адвокатска комора истакна:
-Со нашите превентивни активности ако сме спречиле и одвратиле макар еден средношколец да направи престап и влезе во престапништво, тогаш сме ја постигнале целта. Бидејќи зависноста од алкохол, дроги и психотропни супстанции доведуваат до зголемена потреба на финансиски средства што предизвикува зависникот да се јави како сторител на кривични дела од различен вид (кражби, недозволена трговија со наркотични средства) кривични дела во сообраќајот како и други казниви дела.
Каролина Димеска самостоен инспектор од МВР Битола зборуваше за последиците од дрогата и сподели видеа “Марихуана“ и “Амфетамин“ филм со мото “Избери живот, не дрога“ кое на најреален начин прикажа сите последици кои произлегуваат и го уништуваат животот на еден млад човек. Исто така зборуваше за законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога.
Сашо Кочанковски потпретседател на ОСПДП зборуваше за датумите 25 ноември- Меѓународен ден против насилството врз жените, и 10 декември – Меѓународен ден на човековите права, се одбрани со цел симболично поврзување на насилството врз жените и човековите права, а со тоа и акцентирање дека насилството е кршење на човековите права.
После завршување на презентациите, кои предизвикаа голем интерес кај учениците, тие имаа многу прашања кои им ги поставија на членовите на ОСПДПБ. Трибините продолжуваат и во другите средни училишта.






