Press "Enter" to skip to content

Ветрот го скрши македонскиот бор – молика кај хотел “Молика“ за кој се претпоставуваше дека е стар 200 години (фото)

Силниот ветар кој пред неколку дена дуваше со голема брзина во Битола на Пелистер беше уште пострашен, а поради неговата јачина срушени се десетици, а можеби и стотина борови дрвја.

Меѓу нив се наоѓа и македонскиот бор – молика, кој се наоѓаше на првата ливада над хотелот “Молика“ на Пелистер. Овој бор “падна“ од силниот ветар кој изминатата недела ја зафати Битола и битолско, а за него се претпоставуваше дека е стар 200 години, а така е и напишано на информативната табла која се наоѓа под неговите гранки.

Фотографии од огромниот бор се наоѓаат кај скоро сите љубители на планината, а тоа место беше најпосетувано во лето, во летните горешнити, а најмладите битолчани таму се санкаа.

Според тоа што го видовме на самото место, борот – молика имал труло и оштетено стебло, и затоа дошло до негово кршење.

More from ВестиMore posts in Вести »