Press "Enter" to skip to content

“Сумнал“ Битола со работилница “НЕ за малолетнички бракови“

Во просториите на СОУ “Таки Даскало“ – Битола се одржа работилница во рамки на проектот “НЕ за малолетнички бракови“, со цел да се подигне свеста за негативните последици од малолетничките бракови и да поттикне превентивни мерки преку едукација и поддршка.

-Проектот се фокусира на создавање здрави и безбедни средини за младите, овозможувајќи им личен и образовен развој. Малолетничките бракови претставуваат глобален социјален и правен проблем кој сериозно влијае врз здравјето, образованието и иднината на младите. Преку вакви активности, проектот придонесува за градење на општество во кое младите можат да се развиваат без пречки и ограничувања, да ја градат својата иднина и да ги остваруваат своите потенцијали, вели Фатма Б. Аземовска од “Сумнал“.

Настанот беше одлична можност за присутните да ја изразат својата поддршка за иницијативата и да разменат ставови за можни решенија и активности кои ќе помогнат во надминување на овој предизвик.
Проектот е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата на Европскиот солидарен корпус на Европската Унија. Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ преку реализацијата на овој проект продолжува со својот долгогодишен ангажман за подобрување на положбата на младите во заедницата.
More from ВестиMore posts in Вести »